Студените денови ни пристигнаа, а вие можете да се стоплите со вкусно топло чоколадо.

И дека домашно подготвеното задоволство е послатко, кога ќе ги видите задоволните лица на вашите најмили, за вас го имаме традиционалниот рецепт.

Потребни состојки:

Чоколадо кое содржи 60% какао

Полномасно млеко

Млеко во прав

Густин

Начин на подготовка:

1. Стоплете 250ml млеко (за 4 лица).

2. Измешајте 50g млеко во прав и 5g густин.

3. Подгответе 150g чоколадо и исечкајте го на парчиња.

4. Во жешкото млеко ставете ги парчињата чоколадо и мешајте во континуитет.

5. Додајте го млекото во прав со густин и константно мешајте додека млекото не зоврие. 

Внимавајте да не дозволите млекото да зоврие пред да го додадете чоколадото.

6. Послужете со шлаг, ситни бомбони, цимет, чоколаден прелив, рендано чоколадо, украсни мрвици и уживајте во кремастиот вкус.

 

 

Save

Следете нè