Новото пиво на гигантот Хајнекен, од калифорнискиот бренд Лаганитас, направено е со марихуана наместо алкохол.

 

Хај фај Хопс во моментов е достапен во делови на Калифорнија, каде канабисот е легален, а е дел од растечкиот тренд со кој етаблирани фирми влегуваат во индустријата со марихуана, објави Бизнис инсајдер.

Лаганитас го опишува новиот пијалак како „ароматична пенлива вода“. Тоа е затоа што лименките не содржат ни малку алкохол, туку се направени со ТХЦ, главната психоактивна состојка во марихуаната.

Освен со ТХЦ, од кој во секоја има околу 10 мг, во понудата се и „пива“ со ЦБД, непсихоактивна компонента на канабисот, на кој се припишуваат многу терапевтски ефекти.

Пијалакот, за кој се направени посебни лименки, лансиран е на 30 јули, а една чини осум долари.

Корисниците му наоѓаат само една маана во однос на регуларните пива односно не може да се пие во барови.

 

Save

Следете нè