Њујоршкиот ресторан „Industry Kitchen“ во своето мени нуди пица која чини 2.000 долари.

Овава врвно кулинарско достигнување се состои од тартуфи, кавијар од есетра, гускин дроб и 24-каратни ливчиња злато - пишува магазинот „Ескваер".

Специјалитетот кој е приготвен на јаглен, се служи изклучиво во „Industry Kitchen“. Синото сирење „Стилтон", кое исто така е една од состојките, е увезено од Англија, тартуфите и гускиниот дроб се од Франција, кавијарот е од Каспиското Море а златните листови од Еквадор.

Маестро Браулио Бунеи, готвачот автор на ова своевидно ремек-дело, дошол до таа идеја, бидејки неговиот ресторан се наоѓа во непосредна близина на њујоршката финансиска елита, каде секојдневно наминуваат бизнисмени од секаков калибар.

„Оваа пица е екстремно богата и доколку сакате добро да ги нахраните вашите непца, тогаш таа е правиот избор за вас“ - додава Бунеи

За да уживате во оваа закуска, ќе треба да ја нарачате навремено и тоа 48 часа претходно. 

 

Save

Следете нè