Сплит стана побогат, за уште едно прекрасно место на кое домашните и странските туристи ќе можат да се опуштат во жешките летни денови и ноќи.

Со излез на море, на плажата Зњан, удобно се смести новиот „ZEN Beach club & Lounge“ на два ката, каде на свеченото отворање имаше вистински спектакл од шоуто на атракцијата „La Fiesta“ .

Сега Сплитскиот залез на сонцето има сосема ново значење. Поглед кој отвора нови видици и не исполнува со позитивна енергија. Радост, а сепак мир. 

„Zen“ со својата архитектура, уредување и понуда нуди нешто ново и уникатно, што ви е потребно за вашето ултимативно уживање.

Погледот од ова место е кон прекрасните острови Брач и Шолта, а за тековната сезона има потготвено специјална програма, каде со залезот на сонцето „Zen“ се претвора во оаза на танцот со модерни хаус звуци и музички настапи во живо.

 

Save

Следете нè