Највисокиот бар во Њујорк се наоѓа на 54-от кат на хотелот  „Hyatt“ на Тајмс Сквер, со поглед на секогаш возбудливиот Менхетен.

„Бар 54“  е место со прекрасни коктели, вина и вкусни закуски, а дружењето на терасата во голема проѕирна кугла од меурчиња со поглед на Њујорк, ви гарантира забава за паметење.

Веројатно најдосадниот дел од зимата во Њујорк, за луѓето кои сакаат да посетуваат барови на покривите на хотелите е фактот дека тие не можат да уживаат и да се дружат на нивните тераси, кои нудат прекрасен поглед на урбана шума од облакодери на Менхетен.

Затоа, „Бар 54“ на Њујоршкиот хотел  „Hyatt“ на  Тајмс Сквер за своите гости подготви  интересен концепт. Поточно, на терасата на својот популарен бар поставиле проѕирна кугла која делува како да е изработена од илјадници поврзани меурчиња, а во неа ќе можете да се дружите и да се забавувате  со своите пријатели, но само ако не се повеќе од 10 луѓе.

Единственото нешто што треба во овој меур бар е да се напиете најмалку два пијалаци и да го резервирате вашето доаѓање однапред, бидејќи ова е трендовско место на мапата на забава во Њујорк. Ако во блиска иднина планирате  да го посетите Њујорк, сега знаете каде ќе доживеете уникатно искуство.

 

Save

Следете нè