Откако на почетокот на минатата година британската дизајнерка  Вивиен Вествуд го освој Шангај, сега на ред дојде Хонгконг.

Токму во ова магично место Tsim Sha Tsui на „Ocean Terminal“, таа одлучи да го отвори својот втор  кафе бар. Нејзиниот препознатлив и уникатен дизајнерски печат ги краси филџаните и чиниите, а  целиот ентериер  е поделен на два дела. Едниот е во духот на минатото, во кое се мешаат француската култура со безвременски лустери и уметнички слики  од  18 век и британски мотиви.  Досека низ вториот дел, во целиот простор се гледаат фотографии од бекстејџот на нејзините ексцентрични модни ревии.

 

Save

Следете нè