„Bubó“  е најпознатиот бар за десерти во Барселона, кој задолжително треба да го посетите доколку сте таму.

„Bubó“, почетоците на својата слатка приказна ги одбележа во 2005 година. Од тогаш, па се до денешен ден, посветено работи и нуди голем избор на креативно сервирани слатки и топли напитоци, чии вкусови нема да ве остават рамнодушни.

Со неисцрпно креативен дух, во прилог на решавањето на  личните предизвици, Карлес Мампел заедно со студиото за внатрешен дизајн „Grumax“, го отвори првиот бар за десерти и кетеринг во Барселона во 2005 година. Првиот бар за десерти со франшиза е отворен во почетокот на 2007 година, а во ноември 2009 година отворен е уште еден во Pedralbes Centre de Barcelona. Растот на приказната за „Bubó“ е стабилен и успешен, а потврда за тоа е и отворањето на првиот бар со меѓународна франшиза, во август 2012 година во Кувајт.

Во овој сладок бар ќе можете да уживате во вкусните слатки деликатеси подготвени од рацете на искусните мајстори, сервирани на единствен начин. Чоколадните салати, колачите, тортите, славниот чоколаден мус и уникатниот кетеринг се само дел од широкиот спектар на задоволства.

 

 

 

Save

Следете нè