La Strega е еспресо бар кој е признат од страна на SCAE (Speciality Coffee Association of Europe), лоциран во Аеродром и го послужува луксузниот и ексклузивен бленд на Bristot, Tiziano 1919 Riserva Domenico Bristot. 

 

Богато и избалансирано еспресо со полно тело, одлична киселост и ноти на темно какaо и цитрон. 

Одлично место за опуштено кафе уживање со вашите пријатели и омилено место на сите „кафеџии“ кои сакаат да експериментираат со вкусовите, кои ќе ве освојат од прва.

Уникатно послужените кафиња се само дел од понудата на овој бар, кој е популарен и по најдобрите коктели подготвени од врвни професионалци со долгогодишно искуство.

Покрај внатрешниот дел од барот, чие уредување влијае на позитивната и топла атмосфера, овој еспресо бар располага и со удобна тераса која во студените денови е комплетно затворена и загреана, во служба на своите посетители.

 

Save

Следете нè