Интересен знак поставен пред кафе барот CUPS Coffee & Tea во Вирџинија, ги инспирира гостите на добри манири.

На таблата поставена пред кафулето, која за кратко време стана вистинска атракција како за локалните гости така и за туристите, пишува дека цените на кафето се намалуваат со употребата на учтиви зборови, додека ја правите вашата нарачка.

Остин Симс кој е вработен во кафулето, изјави дека тоа што го напишал на таблата првично било на шега, но откако фотографијата од таблата стана хит на социјалните мрежи, гостите со добри манири си добивале кафе по пониска цена.

 

 

Save

Следете нè