Неговото име и најдобро го опишува - The Pink Zebra, а во прашање е еден необичен ресторан во Индија чие уредување е инспирирано од Wes Anderson.

Ултимативна розова нијанса и безвременска зебра шара, се добитната комбинација во создавањето на ентериерот на овој ресторан во Индија.

Се наоѓа во градот Каруп, а дизајнот според желбата на инвеститорот го потпишува студиото Renesa.

Уредувањето на целиот простор е инспирирано од филмовите на режисерот Wes Anderson, а еклектичноста која преовладува е совршена за сите корисници на Instagram кои го посетуваат овој ресторан, само за да направат неколку кул фотки.

Со својата уникатна естетика, The Pink Zebra, дефинитивно не воодушеви со своето нестандардно уредување и димензии. 

 

 

Save

Следете нè