Instagram објави дека ја додава опцијата работење офлајн за својата Android апликација.

Тоа значи дека ќе можете да гледате и да ставате објави и без интернет конекција. Оваа опција би требало да ја олесни употребата за корисници со лош интернет.

Функционира така што сите објави кои вашиот телефон ги презел додека бил поврзан на интернет ќе бидат достапни за прегледување, конетирање, лајкување и зачувување. Исто така, ќе можете да правите објави и да ги зачувате за подоцна да ги објавите, па кога ќе бидете онлајн се ќе биде објавено на серверот на апликацијата.

Ќе можете да видите и содржини кои претходн сте ги вчитале, како, на пример, профили кои сте ги посетиле и објави во Explore табот.


Оваа новина би требало да ја зголеми популарноста која Instagram ја има во земјите каде што интернет конекцијата е генерално лоша. Засега не е познато дали опцијата офлајн користење ќе се прошири и на опцијата Stories, која ја користат 200 милиони корисници од вкупно 600 милиони на социјалната мрежа.

 

Save

Следете нè