Помалку скриено во верзијата 10.7.0 која пристигнува за Android корисниците, Instagram тестира можност за објавување на повеќе фотографии во еден албум.

 

Ако сте го забележале ова како можност во рекламите кои ви се прикажуваат, веројатно наскоро ќе биде достапно за сите корисници.

Кога во целост ќе се воведе новата опција, корисниците ќе можат да одберат до десет фотографии, да ги уредат поединечно со филтрите и потоа да ги прикачат како албум.

Моментално, иако можеме да одбереме фотографии за албум, тие не можат да се објават во тој формат. Веројатно бидејќи опцијата е уште во тест фаза.

 

Save

Следете нè