Во соработка со брендот Thomson, француските дизајнери Филипе Старк и Џером Оливет претставија радикално различен концепт за смартфон.

Смартфонот кој ќе има интересно име - Alo, нема да има класичен екран.

Место тоа ќе проектира 3D холографски слики на пораки, филмови или се што корисникот ќе сака да види. Контролата на уредот е со гласовни команди, а неговото куќиште е направено за перфектно да лежи во раката.

„Alo има комплетен гласовен интерфејс за сите функции на телефонот, може да чита пораки и мејлови, а дури има можност и да се диктираат место да се пишуваат пораките“ - вели Оливет, кој е специјализиран за дизајнирање на производи за нови технологии.

Камерата на телефонот може да чита текстови и да препознава лица, а исто така овозможува и да се проектира 3D холограм за да се гледа филм или некоја порака.

Исто така, уредот е замислен да биде изработен од материјал кој самиот се поправа ако има некакво оштетување или гребнатинка, а има и хаптични функции како топлина и вибрации.

Тој е замислен за иднината кога активацијата преку гласовни команди е толку добра што копчињата и екраните на допир повеќе не се потребни.

Оливет и Старк планираат да го развијат смартфонот Alo во прототип за Thomson до крајот на годината.

 

Save

Следете нè