iStyle кој е единствен официјален дилер и сервисер за производите на Apple има чест да ве покани на официјалното полноќно лансирање на iPhone 7.

Денес, почнувајќи од 23:00 часот во продавницата на iStyle во Скопје Сити Мол, правиме забава по повод лансирањето на овој продукт! Забавата ќе ја водат Гораст Цветковски и Сашко Коцев, а ќе има подароци и за присутните.

Точно во 23:59:59 сите оние кои направиле преднарачка си имаат загарантиран iPhone 7 и подарок, ќе можат да ги подигнат и да се пофалат пред другарите! Сите оние кои немаат направено преордер ќе можат тоа да го сторат на лице место. Но се разбира побрзајте затоа што побарувачката за iPhone 7 е голема!

Ќе има музика, дружење, многу муабети за гаџети и технологија и се разбира наградни прашања од светот на Apple. Дојдете за да го пречекаме последниот убавец од Apple заедно!

Се гледаме во Четврток на 13ти Октомври пред продавницата на iSftyle во Скопје Сити Мол!

Поддржано од Apple!

 

Save

Следете нè