Компанијата Apple вчера вечерта во Сан Франциско го претстави долгоочекуваниот нов водоотпорен телефон iPhone 7.

Покрај отпорноста на вода, меѓу другото го краси и нов дизајн, нова камера, безжични слушалки и подобар процесор.

Тим Кук, кој е извршен директор на Apple,  ја претстави иновацијата во Apple Music, кој брои повеќе од 17 милиони корисници. Претставен беше новиот дизајн и како што вели Кук, уникатната содржина.

Беше соопштен и неверојатниот податок дека апликациите од Apple досега се преземени дури 140 милијарди пати, а тие велат дека имаат двојно поголем приход од својот најблизок конкурент, како и раст на популарноста на апликациите од AppStore од 106%.

Тој го претстави и новиот оперативен систем iOS 10 и неговата важна опција HomeKit која служи за управување со домаќинските апарати.

 

iPhone 7 е најдобриот телефон кој компанијата го има произведено, а сега е отпорен на вода со IP67 стандардите. Доаѓа во две верзии, а напредната го носи додатокот Plus на своето име.

Камерата има 12 мегапиксели, побрза е за 60% и користи 30% помалку батерија. iPhone 7 ќе има двојни леќи, што ќе креира уште подобри фотографии низ 10х оптички зум и ефект на длабочина.

 

Дисплејот Retina HD е за 25% посветол од претходникот, содржи "color management", Wide Color Capture и секако - 3D Touch.

А, најверојатно најочигледно од она по што се разликува овој телефон од своите претходници се безичните слушалки - AirPods.

 

 

Save

Следете нè