Латино дивата Џенифер Лопез се поднови со луксузен имот во вредност од над 28 милиони долари, во населбата Бел Ер во Лос Анџелес. 

Музичката ѕвезда го купи овој имот од актерката Села Вард, која првично го имаше понудено за 40 милиони долари.

Луксузот во кој доаѓа во пакет со езеро и плажа, располага со вила од 1.200m2, голф игралиште, затворен базен, амфитеатар со капацитет за 100 луѓе и низа погодности во кои ѕвездата ќе може да ужива со своето семејство.

Вилата има седум големи спални соби и тринаесет бањи, како и студио за цртање. Веднаш до главната вила се наоѓа и гостинската куќа, која има свој парк и игралиште.

Џенифер Лопез која во моментов е зафатена со своите настапи во Лос Анџелес, поседува уште еден имот во тој дел, кој го продава за 12,5 милиони долари.

 

Save

Следете нè