Ако мислите дека грешно сте прочитале, верувајте дека не. Украинското „Ki Design Studio“ ги оствари детските соништа на сопственикот и во  ентериерот смести огромен тобоган  кој ја поврзува галеријата  со остатокот од просторот.

Кој вели дека детските соништа не може да станат стварност.  За момент да се на​вратиме на деновите поминати  во градинка и времето поминато во паркот со различни  вртелешки и нишалки. Сигурно се сеќавате дека најголемата гужва била околу тобоганите.  Сега замислете дека во вашиот простор за живеење ќе имате шанса да се качувате нагоре и надолу онолку пати колку што сакате. Среќниците на кои  украинското  студио „Ki Design Studio“ им го дизајнираше  станот можат да уживаат во детска забава секој ден, а ние веруваме дека сите гости кои доаѓаат во нивниот дом неможат да останат рамнодушни  и не ја  пропуштаат шансата да се спуштат.

 

Станот се наоѓа на последниот кат од зграда од 1917 година и изискувал целосно реновирање. На долниот кат има дневна соба, трпезарија, кујна, спална и соба која во иднина најверојатно ќе биде детска соба. До горниот кат водат скалите, кои сега се наоѓаат на другиот крај од станот, бидејќи во оригиналната верзија премногу го одвојуваа просторот. Во новиот распоред дизајнерите делумно ги одволе кујната и дневна соба, а границата ја прави вертикалната градина која се наоѓа на ѕидот од кујната кој инаку би бил неискористен и празен.

На горниот кат изобилува природна светлина, благодарение на многуте прозорци, што значи прекрасен поглед на небото од  домашна канцеларија,  главната спална соба со гардеробер и собата за гости со приватна бања, кои сопствениците одлучиле да ги сместан на горниот кат.

Од материјали, во целата внатрешност  доминира дрвото и природната палета на бои – топла бела, топла светло сива, графит сива и боја на даб, додека тиркизната се користи како акцентна боја  и главно се користи на столчињата и ткаенините. Осветлувањето е ненаметливо, најчесто е вградено или од рефлектори, освен интересните стаклени топки кои висат над шанкот во кујната.

Како што и се очекуваше, најголем предизвик за архитектите беше  најинтересниот елемент од ентериерот , а тоа е секако тобоганот.  По низа  експериментирања, скицирања  и изработка на макети,  дизајнерите пронајдоа совршена позиција за која мора да признаете дека резултатот изгледа одлично.  Со огромниот сребрен тобоган  во внатрешноста на ентериерот се наоѓа и дискретен камин, а по напорниот ден  сопствениците можат да се релаксираат во некоја од  лежалките кои  висат во дневната соба. Ова дефинитивно е станот од вашите соништа.

 

Save

Следете нè