Роби Вилијамс ја започна Новата година со плус 9.9 милиони долари на својата сметка. 

Имено пејачот ја продаде својата огромна луксузна вила со 11 бањи  и 7 спални соби во Лос Анџелес на музичарот Дј Калед за 9.9 милиони долари.

42-годишниот пејач вилата ја понуди на пазарот уште во јуни со почетна цена од 11 милиони долари.

Куќата е изградена во 1992 година и ја носи популарната ознака 90210, а пејачот ја имаше купено по цена од 5.45 милиони долари во 2002 година.

Луксузниот имот во француски стил, пејачот го реновираше неколку пати по свој вкус, а како изгледа внатрешноста можете да погледнете во следната галерија.

  • kuk10
  • kuk12
  • kuk13
  • kuk14
  • kuk15
  • kuk16
  • kuk2
  • kuk3
  • kuk4
  • kuk5
  • kuk6
  • kuk7
  • kuk8
  • kuk9

 

Save

Следете нè