Волшебниот и раскошен дом на Ријана, во Лос Анџелес, моментално е на продажба, по намалена цена од 14,5 милиони долари.

 

Славната пејачка, оваа куќа ја купи во 2012 година, а во неа живeeше само две години, пред да ја напушти.

Овoј модерен луксузен имот, кој се протега на повеќе 1000 метри квадратни,  е на продажба по значително пониска цена, од сумата која таа ја платила во 2012, со цел побрзо да ги добие своите нови сопственици.

Во домот на пејачката на располагање има седум спални соби, девет бањи, пространа трпезарија и кујна,  дневна соба, базен и спа со прекрасен поглед на околната природа. 

Инаку причината поради која Рири ја продава оваа куќа, е тоа што некој нејзин обожавател провалил во неа.

 

Save

Следете нè