Истражувањата покажуваат дека  кога испитаниците во работните простории биле изложени на зелени декорации (на вертикални градини, врамени дизајни, топки, бонсаи дрва и растенија) дале подобри резултати, отколку оние кои биле изложени на монотона бела боја.

Поради тоа, во Македонија и ширум светот, се актуелни зелените вертикални градини. Станува збор нов концепт во ентериерното уредување, односно декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, не бараат одржување, наводнување, ниту пак светлина. Единствено треба да се внимава да не бидат изложени на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори или пак веднаш под клима уреди.

Flowercity.mk во соработка со Пирин Експорт Ви нуди можност за уникатна зелена декорација за било кој ентериер. Вертикални градини се направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, кои можат да се постават на било кое место во даден простор.

Овој иновативен и единствен производ, во форма на вертикални градини, врамени дизајни, топки, бонсаи дрва и растенија, навистина го одзема здивот. Природни растенија третирани со биоразградлива формула, кои што овозможуваат зеленило онаму каде што малиот простор и ограничените условите не овозможуваат градина и зеленило.

 

 

Предности на зелените градини:

 

-го разубавуваат просторот

-нема потреба од одржување, освен повремено чистење на прашина

-не одземаат од просторот

-не бараат знаење за нивно одржување

-имаат гаранција од 5 години

-поднесуваат големи осцилации во температурата

-нема потреба да се плашите дека не овенат

 

Save

Следете нè