Со голема радост и доза на адреналин кој сеуште го чувствуваме, Ви го пренесуваме досега нашиот најдраг поздрав, посебно затоа што сме верни обожаватели на Бијонсе.

Ве поздравуваме од првиот ред, од спектакуларниот концерт на музичката дива Бијонсе, кој се одржа во неделата во Филаделфија.

Во рамките на својата светска турнеја „Formation World Tour”, пејачката приреди вистинко шоу за паметење за публиката.

Публиката во Philadelphia Eagles Stadium - Lincoln Financial Field се забавуваше во ритамот на популарните мегахитови и го доживеа едно од најубавите музички и визуелни искуства.

Пресреќни што бевме сведоци на ова магично музичко случување, ви пренесуваме дел од атмосферата.

Ексклузивно имате можност да го погледнете видеото, снимено од привиот ред на концертот на Queen B.

 

Save

Следете нè