На нашата посета на Барселона неизбежна беше прошетката на улицата Ла Рамбла, каде моменталната температурата во центарот на градот беше 25 степени. Улицата Ла Рамбла е најпознатиот белег на градот Барселона.

Таа се протега до статуата на Колумбо и е исполнета со киосци, цвеќари, кафези со животни и голем број на уметници. Ла Рамбла дефинитивно е местото каде што можете да ги видите и локалните Каталонци и импресионираните туристи, а доколку се почувствувате уморно застанете и земете здив во некој од рестораните и вкусете ги шпанските специјалитети како тапас, паеља со морски плодови, десертот „churros” и пијалокот сангриа.

 

 

Save

Следете нè