Прекрасниот Охрид кој плени со својата безвременска убавина, е вечна инспирација и предизвик за непоправливите креативци.

Во импресивното видео на 2S Studio, магично спакувани се сите убавини и атракции на Охридското крајбрежје и „Cuba Libre Beach & Bar“.

Секако, ова видео не би го доловило вистинскиот дух на градот, без Заливот на коските кој го одзема здивот, Манастирот Св. Наум со поглед на езерската шир, Ресторанот „Дрим“ со  Сuba Libre, како и единственото адреналинско искуство да летате со параглајдер или да уживате во езерската прошетка на зајдисонце со глисерот Сuba Libre.

Своето искрено воодушевување од убавините на Охрид и долгогодишната пасија, 2S Studio го преточија во одлично видео, кое ги освои симпатиите и на најпребирливите, а вие можете да го погледнете во продолжение.

 

Save

Следете нè