Пловечките концепти во светот, земаат се поголем замав и тоа во позитивен и многу атрактивен контекст.

 

Така, Парис од неодамна стана побогат со отварањето на првиот пловечки бутик хотел на реката Сена. 

Хотелот кој го носи имете „OFF Paris Seine“, освен необичното искуство, нуди 54 луксузно и модерно уредени соби, четири апартмани и прекрасен бар со панорамски поглед на реката Сена, како и и шармантните париски пејсажи на кои не можете да им одолеете.

Интересен е фактот дека надворешниот изглед на овој хотел се трансформира, како резултат на движењето на површината на водата  во текот на денот. Хотелот е позициониран на најпопуларното место во Парис, меѓу d'Austerlitz и Gare De Lyon, или соседството кој неодамна доживеа значителен бум, каде се комбинираат современите трендови со неизбежниот историски момент.

Цените за ноќевање во овој импресивен пловечки хотел, кој исто така има и одличен ресторан, убава тераса и се разбира базен,  се движат 160 до 450 евра.

 

Save

Следете нè