Некои веќе го нарекуваат парче номадски рај, но се работи за хотел со малку поинаква филозофија од онаа вообичаената.

El Cosmico е прилично харизматично хотелско издание во Тексас, а се чини дека со преуредување на камп-прилолката во винтиџ стил, се привлекуваат гости од целиот свет.

Имено, тука владеат некои други правила, односно идејата како животот би требало да биде своевидна избалансирана авантура.

El Cosmico, освен кул сместувањето на гостите им нуди и забава, можност за учење, импресивен пустински амбиент, но и уметнички работилници.

Освен камп-приколката во понудата е и сместување во склоп на монголски шатори кои се своевидни пунктови на кои се позиционирани висечки мрежи за одмор, кујна, бања, lounge зона и соба за читање.

Можеме само да заклучиме како El Cosmico навистина пружа вистинско прибежиште од градската средина, каде можеме да се опуштиме на еден поинаков начин.

 

Save

Следете нè