Најпознатиот остров на Грција е секако, Миконос, кој се карактеризира со космополитска атмосфера, возбудлив ноќен живот и живописниот  главен град  Кора.

Главниот град е познат по своите бели фасади на куќите и синото пространство над спектакуларно долгите песочни плажи.

За Миконос се вели дека е остров веднаш под сонцето и доколку ве привлекува се ова погоре наведено, тогаш треба само да го најдете соодветното сместување кое ќе го разубави вашиот престој на овој прекрасен остров.

 

Наш предлог е вашиот совршен одмор да започне сместувајќи се во прекрасниот Belvedere Boutique Hotel Mykonos, кој има 35 луксузни хотелски соби, нуди 8 прекрасен апартмани и вили кои се лоцирани во близина на хотелот, на разни магични локации. Интересно е дека секоја соба е декорирана поинаку и во секоја од нив има рачно изработени елементи.

Темно масивно дрво, белина и прозрачност, камен и бетон се идеално стилизирана сценографија за да ја почувствувате медитеранската магија, која освен во ентериерот, зазема голем разимер и во надворешноста на хотелот. Иако целиот комплекс е зачинет со модерни во комбинација со рустикални и природни елементи, со причина можеме да напоменеме дека тука доминира само едно, а тоа е спектакуларниот поглед на морето.

 

Магијата и прекрасните изгрејсонце и зајдисонце со поглед на морето и на хоризонтот, гостите на хотелот можат да го искусат на неколкуте тераси, без разлика дали тоа е само за сончање или престој на базенот и коктел барот.

За гурманите на располагање е хотелскиот ресторан во кој  ќе имате можност да го вкусите најдоброто од медитеранската автентична грчка кујна, за која е заслужен ценетиот шеф Nikos Zervos.  

Се разбира, хотелот има свои ексклузивен спа центар за дополнителна релаксација и опуштање, но исто така и за оние кои се повеќе активни, постои и фитнес сала и голем број на мали продавници.

 

Save

Следете нè