Замислите да спиете на височина од околу 10 метри, во крошните на дрвјата, а притоа да имате можност да погледнете како изгледа поларната светлина.

Сето ова можете да го уживате доколку го посетите „Treehotel“, на северот на Шведска, каде од неодамна е отворена седмата по ред луксузна куќичка-апартман на дрво.

Се работи за хотелски проект кој е дело на брачен пар, кои на туристите сакале да им понудат малку поинаков облик на сместување и доживување во Шведска. Затоа низ годините го надополнувале својот комплекс куќички, а неодамна ја добија и таканаречената „The 7th room“, позади која стои норвешкото архитектонско студио „Snøhetta“.

Вкупната површина на една куќичка е околу 55 метри квадратни и во неа може да се сместат 5 лица. Апартманот располага со две спални соби, дневна соба, бања и тераса. Се влегува по скали, а вашиот багаш можете да го пренесете и со лифт.

Додека во ентериерот доминираат светли, натурални тонови, нагласени со по некои темни елементи, екстериерот е целосно со темна изведба.

За похрабрите гости во склоп на секоја куќичка има тераса од отворен тип во форма на мрежа за лежење, од каде можете да уживате додека ја гледате поларната светлина.

 

Save

Следете нè