Можноста да го искористите вашиот зимски одмор за да заминете на скијање е омилена одлука на голем број од вас, а престојот во луксузно сместување ви носи целосно ново искуство во друга димензија.

Периодот околу божиќните празници и дочекот на Новата година, традиционално се поврзува со одлуката за скијање. Без разлика дали се работи за активен одмор кој вклучува целодневен престој на скијачките патеки или за релаксација во спа, зимскиот одмор станува се попопуларен.

Освен соседните земји, во предвид можете да ја земете и живописната Швајцарија, а доколку сте во потрага по врвно луксузно доживување, посетете го „The Chedi Hotel Andermatt“.

Хотелот се наоѓа во градот Андермат, во подножјето на планините,  а сопствениците се погрижиле да направат редок спој на автентичната природа и ултимативниот дизајн и понуда. Овој проект чини над 1,5 милијарди долари, па затоа и не треба да не зачудува фактот дека ова е еден од најдобрите објекти од овој вид.

Како дополнителни содржини на гостите им се понудени голф терени, неколку ресторани, сауни и спа третмани и барови. Тоновите кои доминираат во ентериерот се на кремасти и кафени нијанси и особено придонесуваат за пријатната атмосфера.

 

Save

Следете нè