На високите и опасни карпи на Перу, се наоѓаат стаклени капсули на височина од 122 метри.

Покрај одморот исполнет со адреналин и возбуда, на гостите на хотелот им се нуди волшебен поглед на Светата долина на Инките. 

„Skylodge Adventure Suites“ е името на овој мини хотел кој е составен од три проѕирни стаклени капсули, кои се прицврстени за високите карпи над Светата долина на перуанските Анди.

 Апартманите се долги 7 метри и високи 2,5 метри, а се опремени со два кревети, бања, тоалет и мини кујна која е посебно одвоена. 

За да стигнете до овие необични апартмани, најпрво е потребно да ја поминете планинската патека, а за тоа ќе ви помогнат алпинистичките јажиња кои ќе ве спуштат до стаклените капсули. Секако, тука не сте препуштени сами на себе, туку оваа алпинистичка авантура до пристигнувањето до хотелот е вклучена во услугата на хотелот и подразбира комплетна опрема и помош при качувањето и спуштањето.

Ноќевањето во овие уникатни апартмани чини 300 долари по лице, а освен незаборавните авантури, понудата вклучува и романтична вечера.

 

Save

Следете нè