За сите оние кои сакаат да одмораат на сосема поинаков начин од вообичаениот, а времето и финасиите тоа им го дозволуваат, постои хотел на Антартикот кој им овозможува незаборавно искуство.

Приказната која го следи настанувањето на овој хотел, е приказна за тројца пријатели кои обожуваат авантуристички туризам. Кога во една прилика се нашле во шатор на Антартикот каде премрзнале, се родила идејата за овој иновативен бизнис потег.

Тие се запрашале зоште секогаш нивниот престој на тоа прекрасно место, мора да биде проследен со студ, недостаток на храна и слични потешкотии. Токму поради таа причина е отворен хотелот „White Desert". Таму можете да стигнете со брод или авион, со туристички аранжман кој вклучува само разглед или пак едноставно одмор.

Сопствениците се воделе од идејата дека таква природна убавина не смее да биде резервирана само за истражувачите и оние кои таму се само работно.

„White Desert" е хотел со пет ѕвезди и нуди врвна услуга во секој поглед, собите се луксузно уредени, вработени се само готвачи со импресивно реноме, а за прошетките се задолжени најискусните познавачи на таа територија.

Целиот хотел е граден по сите начела на одржливост, а грижата за околината им е императив. Со својата понуда хотелот привлече бројни познати личности, вклучувајки го и принцот Хари. Ова искуство е далеку од ефтино и за престој од 8 денови ќе треба да издвоите околу 72.000 долари.

 

Save

Следете нè