Крит е најголем и по многумина најубав грчки остров, кој е долг дури 250 километри.

Тој е место кое се смета за колевка на западната цивилизација и остров на изобилие, кој уште од античко време e нарекуван бисер на Средоземното море.

Крит е познат и како родно место на богот Зевс, кој е врховен бог на грчката митологија, моќниот крал Минос, како и прочуениот сликар Ел Греко.

Денес, Крит е важна туристичка дестинација и е една од најпопуларните во овој дел од Европа. Островот изобилува со луксузни вили, хотели и ресорти кои се идеални за совршен одмор.

На островот Крит своето место го пронајде и луксузниот St. Nicolas Bay Resort кој од центарот Агиос Николаос е оддалечен само 1,5 километар. Хотелот важи за еден од најстилизираните хотели на островот, кој успешно ги спојува традиционалното и модерното во луксузен и престижен комплекс.

Комплексот St. Nicolas Bay Resort се состои од вкупно  47 соби и 54 луксузни и дизајнерски опремени апартмани, каде секој има своја приватна тераса, простор за сунчање и приватен базен. Дел од секоја соба е и прекрасен мал двор  кој се овозможува прекрасен поглед на заливот Mirabello.

Во сколоп на хотелот се наоѓаат и пет ресторани и два бара, чија богата понуда многу им го отежнува изборот на гостите. На големите гурмани, љубителите на врвната гастрономија и оние кои сакаат да уживаат во несекојдневни специјалитети, им се препорачува ресторанот Minotaure, во кој во романтичен амбиент, на осветлување од свеќи и уникатен залез на сонцето, можете да вкусите различни азиски специјалитети.

Љубителите пак на традиционалната и домашната грчка кујна, можат да уживаат во кулинарските спрецијалитети на ресторанот Gree Kafenion, каде храната се подготвува од најдобрите локални намирници.

 

Spa&wellness центарот е исто така дел од хотелот, кој е идеален простор за опуштање и хедонизам. Широкиот распон на wellness програмот константно се надополнува со новости. За оние кои се љубители на физички активности, има часови по јога, таи-чи и кик-бокс на плажа, како и тури за нуркање и истражување на подводниот свет.

 

Save

Следете нè