Велигденскиот Остров е најизолираниот населен остров на светот, а неговите шармантни жители го именувале како Те пито о те хенуа (папокот на светот).

Овој остров е лоциран во јужниот дел на Тихи Океан, во непосредна близина на Тахити и Чиле, а се смета дека го откриле полинезиските народи околу 400-та година од новата ера.

Во 1772 година холандскиот истражувач Јакоб Рогевин го здогледал и го посетил островот, а подоцна му го дал името Велигденски остров затоа што неговата посета се совпаднала со неделното славење на Велигден.

Главни карактеристики на островот се измешаната популација и трите различни групи на жители - луѓето со темен , црвен и неверојатно бел тен и црвена коса. Сепак, најпрепознатливи се огромните изгравирани камени блокови, Моаи, кои може да се видат секаде низ островот во различни форми и димензии. 

Мистичноста на овие камени чидовишта е во тоа што никој не знае која била нивната намена, но според истражувањата, тие биле создадени од предците на денешните жители на островот.

Ханга Роа е името на главниот град на островот, а бројот на популацијата според последниот попис направен во 2012 година е 5761 лица.

Еден познат истражувач ја поддржува теоријата дека статуите се приказ на двете класи на луѓе што го населувале островот, таканаречените долгоушци и краткоушци. Краткоушците им биле робови на долгоушците, кои ги натерале да ги создадат овие фигури од камен. По многу генерации и битки меѓу двете класи, настанал пресврт во доминацијата, а со тоа се објаснува и наглото исчезнување на традицијата за гравирање на камените блокови.

Пред 250 години сите Моаи статуи биле делумно уништени во текот на племенскиоте војни, а нивната обнова започнала во 1950 година. Интересни се шпекулациите дека овој остров е тесно поврзан со легендата за Атлантида, неидентификуваните летачки објекти и со исчезнатите народи, затоа што научниците сеуште не откриле кој ги изградил Моаи статуите.

 

Save

Следете нè