Нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air“ од март годинава воведува летови кон Берлин, Братислава и Копенхаген, двапати неделно.  

Првиот лет кон Берлин ќе се реализира на 21 март, кон Копенхаген на 22 март, а кон Братислава на 28 март. За Братислава и за Копенхаген почетната цена на билетите што се веќе во продажба изнесува 1.499 денари, а за Берлин 1.799 денари.

Како што информира Габор Вашареј, менаџер за комуникации во „Wizz Air“, оваа авиокомпанија заклучно со јануари превезла два милиона патници на македонските аеродроми. Со новите линии авиокомпанијата има повеќе од милион седишта на располагање за годинава што преставува пораст на капацитетот за 22 % споредено со минатата година. Според бројот на превезени патници „Wizz Air“ има 49,2 проценти пазарен удел на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Авиокомпанијата опслужува нискобуџетни линии до 24 дестинации од скопскиот и од охридскиот аеродром што е поврзување со 11 држави.

– Од основањето на базата во Скопје 2012 година „Визер“ досега отвори 75 локални работни места, во исто време поттикнувајќи го туризмот, посочи Вашареј.

„Wizz Air“ го реализираше првиот лет од Скопје во јуни 2011 година, а во октомври 2012 воспостави база во Скопје, а сега функционира со три воздухоплови и 84 вработени со седиште во главниот град. Од јуни лани почна со летови и од охридскиот аеродром. „Wizz Air“ лани превезла вкупно 19,5 милиони патници.

 

Save

Следете нè