Убава вест за сите оние со авантуристички дух. Компанијата WizzAir, од март ќе го поврзе Скопје со директни авионски линии, со одлични дестинации како  Берлин, Братислава и Копенхаген.

WizzAir ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин од 21 март 2016 година, додека пак новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се реализираат од 22 и 28 март.

Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата, а билетите за најновите дестинации на WizzAir се веќе во продажба од денес и почнуваат од 599 денари. WizzAir оперира од македонските аеродроми до 24 дестинации кон 11 земји, а нуди над 390 рути од 22 бази, поврзувајќи 115 дестинации низ 38 држави.

 

Save

Следете нè