Едно прекрасно патување, резултираше со одлично видео, кое силно ќе ја заскокотка вашата желба да размислите да ја посетите инспиративната Норвешка.

 

„И покрај лошите и екстремни временски услови, како и стрмниот терен, поминавме со насмевка на лицата и од ова патување се вративме со генијални приказни и впечатоци. Ова се нашите спомени.“ - топло препорачува Шенон Палмер, чие дело е ова триминутно видео. Прекрасните кадри од Норвешка, би можеле да навестат дека можеби токму оваа скандинавска држава, е вашата следна дестинација за патување.

Освен магичните пејсажи и атмосфера, видеото е пропратено со одлична музика, а во продолжение ви пренесуваме мал дел од оваа преубава земја.

 

Save

Следете нè