Сакате да заминете на романтично патување со вашиот сакан?! Ние имаме за предлог 3 волшебни дестинации за вас.

Овие  3 неодоливо романтични места за кои можеби не сте ни слушнале, ќе ги исполнат сите ваши желби и очекувања.

Удаипур, Индија

Удаипур го носи епитетот на најрромантичен град во Индија, а според некои и во светот. Во срцето на градот се наоѓа прекрасното вештачко езеро Пикола кое има јака сина боја, а го опкружуваат две прекрасни палати. Можете да уживате во рамантично возење со бродче по езерото, а пота да отидете на романтична вечера во еден од рестораните на кров, кој ќе ви пружи поглед на преубавата рефлексија на градот во водата од езерото.

Баричара, Колумбија

Баричара е посебно убав град на североистокот на Колумбија и се смета за историски споменик. Добро сочуваната шпанска колонијална архитектура и лежерната атмосфера се главна карактеристика на градот. Камените улици ги красат прексрасни дрвореди и цвеќиња кои се во тотален контаст со белите згради со глинени кровови. Не смеете да пропуштите да ја посетите прекрасната катедрала, која совршено е усогласена со пејсажот на градот.

Монсараз, Португалија

Мало место на врвот на ридот кое нуди спектакуларен поглед на регионот на Алентехо. Супериорни гурмански специјалитети можете да ги пронајдете на секој чекор и да уживате во рустикалните ресторани со чаша домашно вино. Уживајте во прошетка низ лозјата, полињата со маслинови дрвја и убавите зелени ридови.

 

Save

Следете нè