Нашите омилени локални херои, Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ - Civic Initiative #kanekorzomk, секогаш безрезервно помагаат на бездомните животни.

Неуморни и растрчани на сите страни, до нашите херои стигнува тажната судбина на кучето Болд, кое е најдено со огромна рана на главата од секира и напуштено од својот сопственик.

Денес тие со гордост имаат една прекрасна вест и порака за нас:

„Другари една убава вест ♥️🍀♥️🍀♥️🍀

Сигурно се сеќавате на Болт, кој беше удрен со секира, со отворена глава и црви внатре оставен на улица.
Епа еве да видте колку малку треба за да се даде шанса на живот на оние кои не можат да говорат и да ни побараат помош, на нашите најверни пријатели!
............♥️♥️♥️.............🐕🐕🐕...........♥️♥️♥️..........
Болт денес! Жив и здрав и ВДОМЕН!!! ♥️♥️♥️ Како никогаш да не бил удрен и никогаш да не се наоѓал на работ на смртта! 🐾🙏🐾🙏 Му верува на човекот како никогаш да не му му свртел грбот, а тој не само што му го сврте грбот туку се обиде на најкукавички начин да му го одземе животот! Вербата, љубовта и посветеноста прават чуда, а Болт е пример за тоа! Огромна благодарност на сите кои не поддржаа во оваа борба, кои донираа, и кои секојденвно ни помагаат да се развие свеста кај луѓето за страдањето, болката, и насилството низ кое поминуваат животните во нашата земја! Да се надеваме дека со вакви случаи повеќе нема да се сретнуваме! Анамарија ти благодариме за дојавата и за спасениот живот!
Драг Болт ти посакуваме ДОЛГ и СРЕЌЕН ЖИВОТ!
Со многу љубов! 🐾♥️🐾♥️🐕“

 

Save

Следете нè