По вчерашниот марш на граѓаните против нехуманиот третман врз бездомните животни, на социјалните мрежи се појави текст кој со брзина на светлината допре до срцата на сите.

Го пренесуваме во целост впечатокот на една девојка со срце како планина:

„Преубав ден, прекрасна енергија и моќна кауза која ме спои со онакви луѓе со какви што сакам да сум секојдневно опкружена!

Не сакам индиферентни, мрзливи особи, без цел и пасија, сакам луѓе кои се борци за подобро општество, за Земја исполнета со љубов и добрина ! 💜

Коментарите од типот "има други приоритети", "зошто за деца вака не искачате", "името го продадовте, а за кучиња протестирате" ви се излишни седејќи зад компјутерот и не покревајќи акција за проблем кој го воочувате, а не се борите да се промени.

Не можете никому да наметнете што да вреднува повеќе, а што помалку!

Како што за некој најсветото нешто е детето, за друг татковината, за трет спортот, за четврт парите и ред други работи, така за мене се живите битија.
Живи битија се кучиња, мачиња, домашни животни, диви животни, "фармски" животни, луѓе, деца.
За мене не постои таа имагинарна хиерархиска рамка на живот која вам ви е наметната.
За мене сите имаат подеднакво право да живеат.
И да, тешко е да дојдеш до тоа освестување, се надевам дека ќе дозволите да ви се случи!

Оној кој е љубител на животни, сака и животни, и природа и деца и луѓе, сиромашни, богати, бездомни, секакви.
Затоа што имаме големо срце и во него има место за сите.
Помагаме сестрано и сме присутни на секоја акција кон средување на заеднички општествени проблеми.

А вие драги мои фејсбук борци наместо кон коментирање и плукање на кауза која создава само добрина , пренасочете ја енергијата кон решавање на проблемот кој ве мачи.
Организирајте се, сплотете се истомисленици, помагајте каде што е потребно, и протестирајте си за она што ви создава немир во душата, за она што сакате да го промените.“

#СонувамЗаХуманоУтре
#ИЈасСонувам

 

*Текстот е превземен од Јована Трајкоска

 

Save

Следете нè