Граѓанската иницијатива „Кане Корзо“, Ве поканува на хуманитарен настан, заедно да го одбележиме светскиот ден на животните.

„All we need is paws“ е пораката што сакаат да ја испратат до сите, а ова е нивната отворена покана до љубителите на животните и сите хумани луѓе.

„После се што видовме деновиве решивме малку поинаку да пристапиме кон решавање н проблемот. Сакаме сите, ама буквално сите да ја дознаат суровата вистина за судбината на многу бездомни другари. И оние во Вардариште, и оние на улица и оние кои се под наша закрила. На настанот ќе дознаете повеќе за нас и нашиот активизам, ќе можете да прашате се што ве интересира, а воедно и ќе можете да ни помогнете во борбата со тешките болести кои ги имаат поголем дел од нашите штитеници. Ќе има добра музика, едукативен дел и дружба со сите кои сакаат животни. Неизоставен дел е и мини базарот на Daisy Family Rescue, каде ќе можете да купите: марами, беџови, накит, чанти и слично.

Специјални гости ќе бидат Битрикс Кру, кој со својот перформанс ќе придонесат за атмосферата. 

Од срце ви ветуваме нема да се покаете ако дојдете.“

Дополнителни информации за настанот можете да добиете на линкот тука.

 

 

Save

Следете нè