Група граѓани и активисти за заштита на правата на животните Ве покануваат на комшиска дружба заедно со вашите миленици!

 

По низата немили настани со улични и домашни миленици на територијата на Општина Аеродром, граѓаните дел од Daisy Family Rescue ја покренаа иницијативата за оваа средба, а нивното соопштение до јавноста ви го пренесуваме во целост:

Драги наши сограѓани, би сакале да ве поканиме на една комшиска дружба заедно со вашите миленици да си размениме идеји, да смислиме некои решенија и акции како би им помогнале на нашите маалски бездомни крзнени пријателчиња од Аеродром и Ново Лисиче.

Идејата е да дојдат сите оние кои се загрижени за состојбата во која моментално се наоѓаат бездомните животни кои живеаат во нашата општина со цел да покренеме некакво движење и соработка меѓу сите нас кои секојдневно, ги раниме, гледаме им помагаме и спасуваме овие животни ❣
Би било добро да разговараме и да смислиме некои конструктивни идеји, да се организираме меѓу себе со акции за хранење, акции за стерилизирање, акции за прочистување на животните, па можеби и некој друг ќе не чуе, ќе ни се приклучи и ќе ни помогне.

Се надеваме ќе ве има во голем број, ќе дојдете со вашите миленици, ќе понесете со себе елан и ентузијазам за решенија. Драги сограѓани, да пробаме ние заедно чекор по чекор да промениме нешто, бидејќи ние сме единствениот глас на животните. Секоја промена почнува со идеја, а ретко која реализација човек ја може сам. Затоа да си подадеме рака еден со друг, и на тој начин да им подадеме рака на бездомните животни

 

Save

Следете нè