Најновите истражувања покажаа дека кучињата имаат изненадувачка способност со своето однесување и лаење да им кажат на луѓето што сакаат.

Според спроведените истражувања жените биле подобри од мажите во препознавањето на знаците кога кучето е разиграно, а кога има чувство на страв и бес.

За потребите на истражувањето 40 доброволци слушале снимени различни лаежи и р`жење од 18 кучиња кои ја чувале својата храна, гледале како минуваат непознати луѓе или си играле.

Учесниците правилно класифицирале 63% од р`жењето на кучињата, многу повеќе од очекувањата, рекле истражувачите.

Слушателите идентификувале 81% звуци на разиграно ржење, но не биле толку добри во препознавање на `ржење на кучињата кога станувало збор за чување на храната и закана. 

 

Save

Следете нè