Запознајте ја малата Калина Црцарески, која има само 5 години и е најмладата дресерка на кучиња во Македонија.

 

Ова слатко девојче кое обожува денот да го помине во друштво на нејзините најдобри пријатели - кучињата, ќе ве освои од прва со својата енергија, харизма и детска искреност.

Вели дека кучињата и се најголема љубов, па затоа е најсреќна кога е на гости  во пансионот за миленици на нејзиниот вујко, каде од најрана возраст научила многу трикчиња со своите крзнени пријатели.

Некогаш кучињата кои ги дресира Калина се и многу поголеми од неа, но тоа не претставува проблем за оваа мала убавица, која вешто ги учи на нови работи и несебично им ја искажува својата љубов.

Токму за љубовта и грижата која им ја пружа на кучињата, голема улога одиграле нејзините родители кои ја воспитувале  да ги почитува сите животни, а секако и времето поминато во најдобриот хотел за миленици Киско, каде кучињата и гостите имаат кралски третман.

  • kalina10
  • kalina11
  • kalina12
  • kalina14
  • kalina15
  • kalina4
  • kalina5
  • kalina6
  • kalina7
  • kalina8
  • kalina9

 

Save

Следете нè