Кинолошкиот сојуз на Република Македонија 11 и 12 февруари 2017 година Ве поканува на дружење со Вашите миленици и отварање на новата кинолошка сезона во 2017 година.

Во текот на викендот (11ти и 12ти февруари) ќе се одржат две меѓународни CACIB изложби за сите раси на кучиња.

По завршувањето на изложбите и избор на најубавите кучиња од сите пријавени, се избират најубави од најубавите односно Супер Бест ин Шоу, за кои постои и дополнителен фонд на награди, покрај вообичаените.

Изложбите се со почеток од 10:00 часот со место на одржување на Скопски Саем – Хала 3 во Скопје.



На изложбите ќе судат реномирани судии:

Гаја Литова - Бугарија

Бранислав Рајиќ – Словенија

Перо Божиновски – Македонија

Слободан Милошевски - Македонија

Коста Глигориевски – Македонија

Влатко Ананчевски – Македонија

Никола Ангелковски – Македонија

Габриел Стибел - Македонија и

Сашо Пешев – Македонија



Информации за цени и пријавувањето на кучињата може да се изврши online преку сајтот на Кинолошкиот сојуз на РМ: www.ksm.org.mk или преку e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и на телефон: * 02 3085 860

Последен рок за пријавување 5 Февруари 2017.

 

Save

Следете нè