Екстремно ниските температури во Македонија, ја ставија на тест нашата хуманост и љубовта кон животните.

 

Тест кој се чини дека одлично го положија посебно сопствениците на угостителските објекти и ги отворија своите врати за да можат уличните кучиња и мачки да се засолнат од студот.

Асоцијацијата за заштина на правата на животните на социјалните мрежи упати апел до сите кои можат да се вклучат во оваа хумана мисија, но и неизмерна благодарност до оние угостители кои несебично веќе го направија тоа:  Париз мезе бар (на Рузвелтова), Винил (спроти Соборниот храм), Радио бар (во Дебар маало), Драмски кафе бар, My space (Капиштец), Вирус кафе - Радовиш, Ресторан Лира и кафулето Излет се само дел од угостителските објекти кои на овие минусни температури ги отворија своите врати за бездомните кучиња и мачиња да соберат душа и да се затоплат.


Ги охрабруваме и останатите да се приклучат кон овој хуман гест!

 

Save

Следете нè