Дека и тука, во нашето Скопје има херои и приказните за животни на кои им е потребна помош, можат да имаат среќен крај не само во бајките и на странските ТВ канали, се докажа вчера.

Имено, откако во Противпожарната служба добиле повик од Миа која е позната активистка за заштита на животните, дека нејзиното маче со интересно име - Глувче, се наоѓа на кровот од зградата во која живее и истото е во опасност, својата несебична помош ја пружил пожарникарот Елвис.

Да, тоа е херојот кој го спаси мачето и пример кој треба да го следиме, благодарение на кој оваа приказна има среќен крај.

 

Save

Следете нè