Сопствениците на кучиња во Хрватска, од 1 јануари 2017 година, најверојатно ќе плаќаат државен данок од 100 евра за своите миленичиња.

Хрватските власти планираат да донесат „Закон за заштита на животните“, а токму таквата одредба е составен дел на тој предлог, според пишувањата на „Слободна Далмација“.

Ако државата се одлучи за воведување на таков данок, тој би можел да важи за околу 350.000 луѓе, колку што има и регистрирани сопственици на кучиња, а ова решение наиде на поддршка и од здруженијата за заштита на животните. 

 

Save

Следете нè