Организацијата ПЕТА е позната по тоа што испраќа диретни пораки и ова е за жал бруталната реалност.

 Имено, азискиот огранок од организацијата за права на животните ПЕТА (People for the Ethical Treatment of Animals) во соработка со маркетинг компанијата "Ogilvy & Mather" од Банког направи необична кампања.

 Активистите направија лажна продавница во Банког во која изложија производи од вештачка кожа.

Меѓутоа, кога купувачите ги отвораа торбите, беа згрозени од она што им се појавуваше пред очите - кожните јакни, торби, па дури и ракавици беа полни со лажно животинско месо и крв.

ПЕТА на овој начин сака да го привлече вниманието кон тоа дека животните се убиваат за потребите на модата.

„Многу малку луѓе се свесни за тоа дека животните поминуваат низ екстремно патење за да бидат претворени во егзотични производи. На некои од нив дури и кожата им се отстранува додека се живи, како што е тоа случај со крокодилите или змиите" - порачуваат од ПЕТА.

 

Save

Следете нè