На југоисточниот брег на Бразил живее пензионираниот рибар Жоао Переира де Суз, кој негува прекрасно пријателство со пингвин.

 

Приказната започнува кога во 2011 година на плажа пронашол пингвин целосно прекриен со нафта. Го исчистил и го чувал 11 месеци додека не заздравел, а потоа пингвинот заминал.

Сите му велеле дека пингвинот нема да се врати, но Жоао потврдува дека се вратил и тоа не еднаш туку секоја година плива по 8 илјади километри само за да го посети.

„Го сакам како што ги сакам и моите деца и мислам дека и тој ме сака мене. На никој друг не му ни дозволува да го допре“ вели Жоао во видеото.

Биолозите оваа љубов ја објаснуваат така што пингвинот го смета рибарот за дел од неговото семејство, но досега не слушнале и не посведочиле на ништо слично.

 

Save

Следете нè