Необичното пријателство меѓу дивите животни животните секогаш буди интерес и ги изненадува луѓето. Едно од таквите е забележано во засолништето за животни „Noah's Ark“ во Џорџија.

Забавното трио го сочинуваат американски црн мечок Балу, африкански лав Лео и бенгалски тигар Шир Кан.

Во овој објект пристигнале кога имале помалку од година дена во 2001 година. Лео бил чуван во мал кафез, имал рана на шепата и инфицирана рана на носот.

Балу бил во најлоша состојба од три младенчиња. Оклопот кој му го ставиле зараснал во неговото тело. Младенчето било потхрането и имал надворешни и внатрешни паразити.

Од моментот кога дошле во азилот, станале неразделни. Единствен период кога се раздвоиле бил кога Балу морал на операција за да му се отстрани оклопот. Лео и Шир Кан биле видно вознемирени тогаш. Планот бил кога ќе заздрават во целост да бидат пуштени во дивината, но сепак работниците одлучиле да ги задржат. Деновите ги поминуваат играјќи, спиејќи и гушкајќи се.

„Сите тројца се многу блиски. Сега малку се посмирени во однос на деновите кога беа младите, но и понатаму го поминуваат времето заедно уживајќи во љубовта и здравото опкружување" - изјави Алисон Хеџкот, кустос во „Noah's Ark“.

 

Save

Следете нè