Со реконструкција на живеалиштето на жирафите започна проектот за реновирање и реконструкција  во Зоолошка градина Скопје.

Камионите на градежната фирма „АД Карпош“ кои ќе работат на реконструкција на внатрешното живеалиште на жирафите, веќе започнаа со своите активности. Реновирањето пред зимскиот период е донација од оваа градежна фирма. 

„Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот „Европска Зоолошка“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

 

Save

Следете нè